Вести Свет

Средбата на Г7 започнa во Италија, Борел предупредува на можна регионална војна на Истокот

Организацијата Г7 одржа средба на островот Капри, Италија, на која разговараа за војната на Блискиот Исток и Украина. Жозеп Борел ги повика западните лидери, да и помогнат на Украина во двегодишната војна, која сè уште не запира.

Обединетите нации и неколку европски држави членки, дискутираа за можни предлози како да ги употребат замрзнатите руски средства, во износ од неколку билиони евра, со цел да ги се искористат за воената помош на Украина.

Ваквите предлози настапија, поради застојот кој се случи во Конгресот во САД, а тензиите започнаа уште во октомври минатата година, кога започна воениот конфликт меѓу Израел и Хамас.

Светските лидери го повикаа Израел да не возвраќа на нападот, откако Иран минатиот викенд го започна нападот, туркајќи го Блискиот Исток до регионална војна.

Нападот се случи во краток временски период од две недели, откако претходно, во еден од израелски напади во Сирија, беа убиени двајца ирански генерали, во иранската конзуларна зграда.

„Мораме да побараме од Израел да има воздржан одговор за нападот на Иранците. Не можеме да ескалираме“, изјави Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе