Вести Македонија Топ вести

(видео)Идната Влада да ја прифати новата систематизација или ќе стапиме во штрајк, предупредија од синдикатот на Македонска Пошта

Или идната Влада да ја прифати новата систематизација скроена од синдикатот и вработените на Пошти или по изборите штрајк.  Претпријатието кое работи повеќе од 20 години и е под капата на Владата, го оставија на цедило а вработените сами да се борат за опстојување, аларамираат од синдикатот на Пошти.

„Имаме 15 подружници, 15 директори,  седум членови на Управен одбор шефовски места, раководни позиции, советници, стручни соработници, а се помалку работници во технолошкиот процес. Нашата цел е да изготвиме нова систематизација која е согласно потребите на друштвото и на пазарот. Да ставиме акцент на технолошкиот процес, на обработка на пратките и сите тие аномалии и проблеми во работењето со таа систематизација ќе се надминат“, вели Боро Велигденов Синдикат на Македонска Пошта.

За Синдикатот најважно е да престане процесот на лошата кадровска политика и на партизацијата, а поради финансиската криза во Пошта вработените постојано се под стрес дали ќе си ја добијат платата.

„Сме загрижени и за редовна исплата на плата во нареден период. Ние земавме плата овој месец, вчера на 15-ти, но таа плата ја земавме без задршки и исплата на кредити.Имаме неисплатена плата и на договорните поштари кои се над 200 и повеќе договорни поштари“, вели Боро Велигденов Синдикат на Македонски Пошти.

И додека синдикатот и институциите го решат проблемот, дел од граѓаните остануваат револтирани и незадоволни од услугите.

Нова систематизација, нов колективен договор, технолошка модернизација, измени во законот за поштенски услуги и редовна исплата на плата се дел од барањата на синдикалците, кој подолг период преку протести и апели го кренаа гласот за проблемите со кои што се соочуваат. За лошата финансиска состојба на Македонски Пошти потврди и директорот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе