Вести Свет

Влада во Полска ја усвои забраната: децата нема да пишуваат домашни задачи

Владата на премиерот Доналд Туск донесе одлука за децата во основните училишта, да немаат  домашни задачи, со цел образованието да се приклони кон дигитализацијата. Критичарите на ова тема  велат дека се става премногу акцент на учењето напамет и домашните задачи, а недоволно на критичкото размислување и креативноста на децата.

Во Полска учениците се радуваат поради ваквата одлука, додека наставниците и родителите имаат поделено мислење на оваа тема. Некои од нив сметаат дека ова е интересна одлука, додека другите велат дека ваквиот пристап не е вистинско решение во надминување на проблемот.

Промената доаѓа од потребата да се модернизира образовниот систем на Полска и истиот да се унапреди за идните генерации. Според донесениот декрет, наставниците повеќе не треба да им даваат домашни задачи на децата од прво до трето одделение, додека од четврто до осмо одделение, учениците имаат право да бираат дали ќе ја изврштат домашната задача, а истата нема да влегува во крајната оценка.

Во едно од интервјуата на оваа тема, родител на едно дете, кое оди во едно основните училишта во Полска изјави дека: „Ако има нешто што ќе ги натера учениците повеќе да уживаат во училиштето, тогаш веројатно ќе биде добро и за двете страни“.

Дебатите за тоа колку е потребната количина на домашни задачи е поделена низ целиот свет. Додека некои студии покажаа мала корист од домашните задачи, други експерти велат дека тоа може да им помогне во развивање на навиките за учење.

Образовниот систем на Полска претрпе голем број контроверзни промени. Секоја нова влада се обиде да направи преобразба, нешто што многу наставници и родители велат дека е збунувачки. Останува да видиме како ќе се одвива уредувањето на образовниот систем во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корисниците евакуирани, нема повредени – пожар во дом за стари лица во струмичко Банско

Дејан Дејан

Пораки за единство и сплотеност – православните верници го слават Велигден

Дејан Дејан

Удри со возило во капија на Белата куќа, почина на лице место

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе