Вести Свет Топ вести

Тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ под лупа – истрага на Европското обвинителство за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија

Канцеларијата на Европското јавно обвинителство во Софија соопшти дека започнала истрага за собирање на евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград.

Обвинителството информира дека истрагата е покрената по сознанија добиени од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) дека една од компаниите, што е дел од конзорциумот кој го градеше тунелот, е осомничена за неколку кривични дела, вклучувајќи проневера, злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари.

Според Обвинителството, постојат сомнежи дека посочената компанија во многу краток период извршила неколку фиктивни трансфери во износ од над 5,6 милиони евра на сметки на фантомски фирми, кои потоа биле повлечени како готовина од лица со криминално досие. Овие фирми и поединци се опфатени и со друга тековна истрага на Европското обвинителство во врска со инфраструктурни проекти во железничкиот сектор.

Во рамки на истрагата извршени се претреси во шест фирми и четири приватни станбени објекти во два бугарски окрузи.

Автопатот „Струма“, проект кофинансиран од Европскиот кохезивен фонд во рамки на Програмата за транспорт и транспортна инфраструктура за периодот 2014-2020 година, го градеше конзорциум од три компании. При изградбата на изведувачот му биле исплатени речиси 95,6 милиони евра од кои 85 отсто потекнувале од фондовите на ЕУ.

„Во тек се истраги за утврдување на природата и обемот на наводните криминални активности“, информира Европското јавно обвинителство.

Изградбата на тунелот „Железница“ траеше повеќе од пет години и заедно со околната инфраструктура чинеше 215 милиони евра. Тунелот беше отворен за сообраќај на 20 февруари. Автопатот „Струма“ го поврзува Солун со „Дунавскиот мост 2“ на границата меѓу Бугарија и Романија.

Конзорциумот што го градеше автопатот беше избран од една од поранешните Влади на Бојко Борисов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе