Вести Македонија

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Талат Џафери ќе остане на „Илинденска“ до формирањето на новата Влада. За изминатиот период, вели дека „со чист образ и мирна совест може да потврди оти се што ветил кога стапил на должност – се исполнил“. Дали наскоро ќе стане опозиционер или нов државен функционер – зависи од разговорите меѓу партиите.

-Јас сум фокусиран на обврските на составот на Владата што ја водам. Впрочем, мандатот на оваа Влада е до изборот на нова Влада. Работата на конфигурацијата на идната Влада е работа на преговори на политичките субјекти што добиле мандати во Собранието по изборите одржани на 8-ми мај, рече техничкиот премиер Талат Џафери.

Џафери ги отфрла наводите дека ДУИ и Европскиот фронт ги бојкотирале претседателските избори. Се согласува дека некој не гласал,  но тој самиот гласал, што е личен избор на секој граѓанин.

-Поединечните, индивидуални ставови не може да се претставуваат или да се заклучат како општи генерални ставови на субјектот или на Фронтот воопшто. Во моето родно место, кандидатката, сега веќе избрана за претседател со мнозинство – имала 100 гласа, против-кандидатот, екс претседателот – 127 гласа, тоа е волја на граѓанинот, вели Џафери. 

Техничката Влада беше избрана 100 дена пред гласањето на 8-ми мај. Џафери очекува новата Влада да ја следи европската идеја и да го реализира тоа што го ветува и тоа што е во интерес на граѓаните.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе