Вести Свет Топ вести

Меѓународната заедница бара одговори за убиството на седум хуманитарни работници, Израел вели нивната работа е ризична

Тројца Британци, едена Австралијка, еден Полјак и еден американски и канадски двоен државјанин, шест хуманитарни работници и нивниот палестински возач загинаа во Газа во израелски воздушен напад, соопшти организацијата World Central Kitchen. Нивните тела се донесени во болницата во Рафа, а телото на палестинскиот возач ќе биде предадено на неговото семејство за да биде погребано. На нивните безживотни тела стои натписот на хуманитарната организација која имаше за цел да обезбеди храна за цивилите. Денеска World Central Kitchen запре со работа. За време на посетата на бегалски камп во Јордан, шпанскиот премиер Педро Санчез побара од израелската влада да ги разјасни околностите под кои загинале работниците.

„Прво сакав да изразам најдлабоко сочувство за смртта на неколку работници од невладината организација World Central Kitchen, жртви на нападот оваа ноќ во Појасот Газа. Тие загинаа додека го правеа она на што оваа НВО е посветена со години, а тоа е хранејќи ги луѓето среде толку многу пустош. Се надевам и барам израелската влада што е можно поскоро да ги разјасни околностите на овој брутален напад кој ги однесе животите на седуммина хуманитарни работници кои не правеа ништо друго освен што помагаа“, рече Педро Санчез, премиер на Шпанија.

По убиството на Зоми Франком, која беше дел од групата, австралискиот оддел за надворешни работи започна истрага и бара детали за тоа што се случило овде, велат ова е сосема неприфатливо.

„Австралија очекува целосна одговорност за смртта на хуманитарните работници што е целосно неприфатливо. Хуманитарните работници и оние кои вршат хуманитарна работа и, навистина, на сите невини цивили, треба да им се обезбеди заштита“, рече Ентони Албанез, австралиски претставник.

Израелската војска изрази „искрена тага“ поради смртните случаи, но не ја прифати одговорноста. Потсети дека во последните неколку месеци имале добра соработка со World Central Kitchen.

Го разгледувавме инцидентот на највисоко ниво за да ги разбереме околностите за тоа што се случило и како се случило. Ќе отвориме истрага за дополнително да го испитаме овој сериозен инцидент. Ова ќе ни помогне да го намалиме ризикот од таков настан. Инцидентот ќе се истражува по механизмот за утврдување и оценка на факти: независно, стручно и експертски, рече Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.

Израел продолжува со напади, јави дека во текот на ноќта биле погодени 25 цели во Газа. Цел на нападите биле места за складирање оружје и друга „терористичка инфраструктура“. Борбите продолжуваат во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе