Вести Македонија Најважни

Најнова вест: Повеќекратно убиство во Кумановско

(Фотографијата е илустрација) Најмалку три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале.

Од СВР Куманово и МВР потврдуваат дека има таков крвав настан и најавуваат повеќе информации.

Првично потврдуваат дека инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци.

63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница.

Напаѓачот е уапсен. Првични информаци се дека станува збор за нерасчистени имотно-правни односи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе