Вести Македонија Најважни

ОБНОВЕНО: Возачките и сообраќајните дозволи од денеска требаше да се менуваат бесплатно, ама… Се бара чаре за обесштетување на оние кои платија

Изборни додворувања за излез од хаосот што сами го приредија, владата во обид за излез од кризата со личните докумнети. Замената на возачките и сообраќајните дозволи до крајот на годината ќе биде бесплатана за граѓаните, а нула денари ќе бидат и патните листови.

Според информациите на Телма од терен, утрово во техничките станици, возачите се жалеа дека повторно им бараат пари за бесплатна замена на сообраќајни дозволи. 

Задолжитела стана НМК налепницата на регистарските таблички, а меѓународниот код МКД на сообраќајните дозволи е валиден и не се менува. Од владата признаваат дека граѓаните кои веќе извадиле документи на свој трошок се дикриминирани – се бара чаре за нивно обештетување.

Собранието го измени законот со кој возачките дозволи со старото име на државата ќе важат до нова година, но само за внатрешна употреба. Налепниците со кодот НМК, пак, веќе се потрошија, а онаму пак каде што сè уште ги има ѓраѓаните велат процедурата оди брзо.

Околу 350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед, но од Министерството за внатрешни работи велат немаат точна бројка за колку возила се потребни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе