Екипата на Телма претпладнево провери каква е состојбата на големата станица за технички преглед во центарот на Скопје.
На техничката станица на АМСМ стоеше известување дека веќе нема налепници со НМК за да не се создаваат редови на возила и да чекаат.
Со неколку возачи со кои разговараше репортерката на Телма, Симона Петровска, и изјавија дека кога барале нова сообраќајна дозвола со новото уставно име биле известени дека треба да го платат трошокот. Владата вчера донесе одлука сообраќајните дозволи и возачките дозволи да се издаваат бесплатно.
Возачите тврдат дека вработените на шалтерите им кажале дека досега немаат добиено официјлано известување за да престанат со наплата на документите за автомобили, кои пак им се дадени и задолжени од управните служби на МВР.
Повеќе информации во Вестите на ТВ Телма во 12:30, 15:30, 18:30 и 21:30.

Отпорни на надворешни влијанија, достава по карго, димензии и боја по желба. На Фејсбук се појавија огласи за продажба на налепници со „НМК“ за регистарските таблички на возилата, без притоа да биде наведена цената. Во истовреме, во станиците за технички преглед се создаде метеж за набавка на налепниците. Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно соопшти… Продолжи со читање













