Вести Македонија

Кавга меѓу власта и опозицијата во битолскиот Совет

Наместо со европски пари, како што првично беше планирано, за реконструкција на објектот Парк, Општина Битола конкурираше за средства на повикот за капитални инвестиции од Министерството за култура. Станува збор за зграда која е целосно руинирана, а е дел од амбиенталната целина на Офицерски, кој е обновен преку проектот на ЕУ „Smart for you too“.

Во втората фаза требаше  да биде опфатен и „Парк“, но без согласност на Советот, општината потпиша анекс на договорот со кој парите се пренаменија за изградба на велосипедски патеки.

Тоа предизвика кавга меѓу власта и опозицијата во битолскиот Совет.

Барањето согласност потврдува дека како градоначалник ги прифаќам вашите барања и забелешки за поголема транспарентност во однос на соработката меѓу Општината и Советот. На овој начин, покажувам и разбирање и на вашите заложби и забелешки кои се однесуваат на промената на одлуката за кофинансирање на проектот „Smart for you too“, каде понесени единствено од ентузијазам, зашто во програмите на сите политички партии досега беа предвидени велосипедски патеки, рече градоначалникот Тони Коњановски пред советниците.

Советничката група на СДСМ минатата година до Обвинителството поднесе пријава против Коњановски за пренамена на европските пари без согласност на Советот. Претседателката, Габриела Илиевска од „Поинаку“, рече дека за овој случај веќе е покрената истрага против градоначалникот.

Отворена постапка против вас во врска со европскиот проект. На 16 јануари, јас како претседателка на Совет бев повикана да дадам изјава во предистражна постапка во врска со истото. Несериозно од вас е да барате Советот да носи каква било одлука во време кога имаме отворена постапка, рече Габриела Илиевска од Поинаку.

Коњановски, пак рече дека потпишаниот анекс на договорот без согласност на Советот, не е  спротивно на законските прописи и правилата на ЕУ, но се согласи дека  влијае на транспарентноста. Сепак мнозинството  во Советот, не му даде согласност ниту за проект за велоспипедски патеки, ниту за апликацијата до Минстерството за култура за реконструкција на Парк.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж доби право да се жали против екстрадицијата во САД

Дејан Дејан

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Дејан Дејан

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе