Вести Македонија Топ вести

АВМУ со тужба до Министерството за информатичко општество, го прекршило Законот со неисплаќање на предвидените средства за радиодифузна дејност

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за информатичко општество и администрација.

Причината велат е што ресорното министерство во континуитет го крши Законот и исплаќа помалку средства од законски предвидените за развој на радиодифузна дејност.

Со тоа според нив министерството го загрозува работењето на корисниците на овие средства – Агенцијата, Македонската радиотелевизија и ЈП Македонска радиодифузија, но и на целиот аудиовизуелен сектор, вклучувајќи ги и медиумите, бидејќи со непочитување на законот се доведува во прашање пристапот до европските фондови за финансирање аудиовизуелни проекти и развој на аудиовизуелната област.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе