Вести Македонија Топ вести

Вработените во Државен испитен центар седум месеци го чекаат ветеното зголемување на платите – најавија прекини на образовни процеси

Продолжува штрајкот на Државниот испитен центар кој беше ставен во мирување во мај поради државната матура. Иако помина повеќе од половина година, вработените се уште не добиле зголемување на платите. Тие велат дека целиот период преговарале со Министерството за финансии, но безуспешно. Сметаат дека тие само ја одовлекувале процедурата.

  • Во овој момент требаше да се случува стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници. Тоа е нешто во кое се инволвирани и засегнати околу 700 лица кои се пријавени во овој испитен рок. Тие 700 лица очекуваат да полагаат, да го положат испитот и да им се трансформира работниот однос до крајот на годината, но во овој случај испитот нема да се случи, изјави Емилија Бошковска, претседател на Синдикална организација при Државен испитен центар.

Вработените сакаат да укажат дека нивната работа е многу важна и со прекин на работата би се запреле многу важни процеси во образованието.

  • Се изготвуваат прашања за матурата, се поставуваат кај нас, но нашите кординатори секако нема да ги примаат. Повеќе процеси кои се во тек ќе бидат стопирани. Основната обука за директори нема да се реализира, нема да почнат нови групи, додава Бошковска.

Во државниот испитен центар има 26 вработени кои штрајкуваа и пролетта поради ниските плати, но во мај го ставија во мирување штрајкот поради полагање на државната матура.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе