Вести Македонија Топ вести

На седница на Програмскиот совет на МРТ учествувал вработен во едно миситерство, бил претставен како советник на директорот, објави Фокус

Јавниот сервис МРТ на својата страница објави записник од седница на Програмскиот совет која се одржала пред две недели, а на која покрај останати теми на дневен ред, се дискутирало и околу тоа дали политичките партии го зголемуваат притискот врз МРТ пред изборите, но и дали вработен во едно министерство присуствувал на уреднички колегиуми на Вториот програмски сервис, и наводно бил претставуван како советник на директорот Марјан Цвтековски, односно како негов заменик директор, објави Фокус.

Овие прашања ги поставила Снежана Клинчарова, која е член на програмскиот совет.

Како што е наведено во записникот, во точката разно за збор се јавила Снежана Клинчарова и побарала одговори за две значајни прашања:

  • Програмскиот совет да добие информација за забелешката во последниот извештај на Европската Комисија дека во Јавниот сервис МРТ потребно е да се реализираат реформи. За какви реформи станува збор?
  • Дали политичките партии го зголемуваат притисокот врз МРТ пред изборите во 2024, како врз првиот, особено врз вториот програмски сервис?

Се зборува дека извесен господин, вработен во едно од министерствата на Владата, речиси секојдневно бил присутен на уредничките колегиуми на Вториот програмски сервис и божем, суштински влијаел во уредувањето на програмата.

Уредничката на Вториот Програмски сервис божем, го претставувала како советник на директорот Марјан Цветковски или како заменик директор.

Повеќе на темата читајте на Фокус.мк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе