Вести Македонија

Премиерот Ковачески се дистанцира од сомнежите за корупција за лицата на црната листа на САД

Работа е на истражните и правосудните органи доколку постои сомнеж за корупција, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прашање на Телма по последната емисија на КОД за тоа дали ставањето на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака на црната листа на САД покажува дека владините функционери од земјава биле вмешани во корупција поврзани со неговите бизнис интереси. Последната емисија на КОД откри дека Дака поседува земјиште колку едно село во Штипско на кое планирал поставување на фотоволтаици  и дека по багателни цени ги купил државните објекти на поранешниот гигант Шик Јелак во Тетово.

Ковачевски рече дека Владата го почитува стратешкото партнерство со САД и има отворен дијалог, вклучително и за владеење на правото.

„Што се однесува до било кој поединечен случај и активности, тие подлежат на македонските закони и доколку постои било каков сомнеж или било какви нарушувања на работењето согласно со законите, тогаш тоа е работа на истражните и на правосудните органи и не постои никаков ограничување да тие да работат на било кој случај“, рече Ковачевски.

Во описот на причините зошто Дака е ставен на листата беше наведено и дека тој бил вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, главен соработник на поранешниот премиер, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги потурне бизнис интересите на Давидовиќ, стои во одлуката на Министерството за финансии на САД.

Какви мерки ќе преземе Владата околу лицата кои се на оваа листа, премиерот се повика на најавите од вицепремиерката Славица Грковска.

“Веќе информираше вицепремиерката за добро владеење дека е подготвена иницијатива од нејзина страна за промени на законската регулатива во однос на третманот на лица кои што се на листа на санкции на ОН, ЕУ и САД во делот на нивното понатамошно бавење со јавни функции“, додаде Ковачевски.

На црната листа беа ставени и Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска Камчева, мајката на веќе назначениот Орце Камчев. Тие им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе