Култура

Никос Казанѕакис е мост меѓу грчката и македонската култура преку романот „ Животот и времето на Алексис Зорбас“

На Филозофскиот факултет се одржа предавање за животот и делото на најпреведуваниот грчки писател и филозоф, Никос Казанѕакис. Неговиот роман“ Животот и времето на Алексис Зорбас“, по кој беше снимен филмот „ Гркот Зорба“, кој освои три оскари,  е мост меѓу македонската и грчката култура, зашто е пишуван според реален лик, кој пред крајот на животот живеел во Скопје и тука починал , кажа деканот Ратко Дуев. Преведувач на творештвото на Казанѕакис на македонски јазик е Паскал Гилевски, чиј преводот  на романот „ Алексис Зорбас“ , е објавен 1979 година.

  • Неговата улога како голем хуманист, космополит и човек, чие влијание и филозофија од Ниче го однела на различни патувања и кон едно богато искуство, кое што се гледа во неговите дела, е токму онаа врска која што ги спојува Македонија и Грција. Бидејќи оној фиктивен лик, Алексис Зорбас, е инспириран од Јоргос Зорба, кој што крајот на својот живот го поминал во Скопје. И дури тука се наоѓа неговото вечно почивалиште, рече Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет при УКИМ.

 

  • Никос Казанѕакис е безвременски, универзален, филозоф, преведувач и поет. Патувал многу. Нема дојдено во Скопје, но бил во Словенија. И се запознал со Зорбас на Света Гора. Казанѕакис сакал да биде како Зорбас. Тој бил интелектуалецот во однос на обичниот работник, Зорбас, кажа Јоргос Стасинакис, претседател на Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис.

 

  • Вредноста на Никос Казанѕакис се повеќе расте и расте. Се повеќе се надополнува. Тука придонесе и американскиот филм за Зорбас. Но, тоа што го направи Никос Казанѕакис со Зорбас, според мене , е меѓу десетте романи на 20 век, кажа Паскал Гилевски, преведувач на делата на Никос Казанѕакис.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе