Денеска во Белград започна конференција организирана од „Дојче веле“. Главна тема е развојот на вештачката интелигенција и опасноста од креирање на лажни вести, лажни видеа и фотографии – како тоа да го препознаеме и спречиме. Но, до вчера за употребата на вештачката интелигенција и во позитивна смисла Телма присуствуваше на Глобалниот медиа Конгрес во Абу Даби. Како да бевме на друга планета, каде дигиталната технологија не само што е развиена, туку е до таа мера употребена, па Обединетите Арапски Емирати во 2017 година решиле да создадат Министерство за вештачка интелигенција. За мотивите да се направи тоа министерство разговаравме со ресорниот министер Омар Ал Олама.
На свеченото отварање на овој конгрес, на кој имаше медиуми од цел свет, а Телма беше единствена учесничка од регионот, можевме да видиме штандови на кои роботите ги заменија луѓето.
Но, професорот од Универзитетот во Лондон, Чарли Бекер вели дека технологијата ќе помогне, но нема да ги истисне луѓето од медиумите.
Она што претставува опасност се лажните вести. Тие се креираат од разни причини, но како да се препознаат дури и големите новински агенции, како оваа во емиратите, работат на тоа да ја осигураат кредибилноста на вестите од нападот на лажни вести.
Но, овде имаше и штандови кои ја промовираат вештачката интелигенција во позитивна насока. Освен како што веќе известивме, во Емирати роботите ви стојат на располагање за продолжување на возачката дозвола и читање на вашите негативни поени, а вештачката интелигенција се користи особено во програмите за видео надзор на сообраќајот. Во новинарството, Чат ГПТ и другите програми лесно можат да бидат од помош. За тоа разговаравме со Себастијан Летемпле ди Шапу, познат француски екперт за имплементација на вештачка интелигенција за Амазон.
Мислам дека повеќе треба да работиме на откривање на придобивките од вештачката интелигенција, а за тоа се доказ токму емиратите. Технологијата овозможува помош, но сметам дека треба да се контролира.
Телма од неодамна стана дел од ЕNEX која постои веќе 30 години. Таа овозможува со членувањето на комерцијалните телевизии и продукции да се разменуваат вести, видео материјали од цел свет но и јавувања во живо. Тие беа организатори за членките на Конгресот во Абу Даби. Годишно на ENEX се разменуваат 40 000 видео вести, 1.500 јавувања во живо, има интересни стории од политика до занимливости. Прилозите на Телма можат да се најдат таму и веќе се пренесени нашите стории во неколку земји. Тие организираат продукција за важни светски настани (политички, спортски, социјални настани), со цел да ги споделат трошоците и да го направат производството на вести попристапно.
Снежана Лупевска Созен