Вести Свет

По веб-страницата на ШИШ руски хакери ја нападнале и веб-страницата на Националната гарда на Албанија

 Повторно хакерски напад врз албанските институции. Овој пат  Кибер-армијата на Русија изврши напад врз веб страната на гардата на Република Албанија, јави Ора њуз.

Засега нема други информации околу овој последен напад.

– Во објава на руски јазик на нивните канали, овие хакери повикаа на продолжување на нападите врз веб – страниците на албанските институции, наведува телевизијата.

Цел на истите хакери, претходно била веб-страницата на албанската разузнавачка служба, ШИШ, предизвикувајќи потешкотии во пристапот до неа.

Извор од ШИШ, за телевизијата Топ чанел, која прва ја објави веста,  потврдил дека станува збор за напад што не дозволува пристап до официјалната веб-страница, односно дека нападот е извршен само на Интернет страницата која не е поврзана со серверите или архивата на службата.

Телевизијата наведе дека нападот го презела „ИТ Армијата на Русија“ (IT Army of Russia) која имала “директни врски со руското разузнавање“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Преговори за влада од следната недела, ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе