Вести Свет

Еврокомисијата веднаш тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Газа на повеќе од 75 милиони евра

Европската комисија веднаш тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Газа на повеќе од 75 милиони евра. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево разговараше со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Комисијата веднаш ќе го зголеми за 50 милиони евра сегашниот финансиски коверт на хуманитарна помош предвиден за Газа. Со ова се зголемува вкупниот износ за помош на повеќе од 75 милиони евра. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со ОН и нивните агенции за да се осигураме дека оваа помош стигнува до оние на кои им е потребна во Појасот Газа. Комисијата го поддржува правото на Израел да се брани од Хамас, со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право. Затоа работиме напорно за да обезбедиме поддршка за невините цивили во Газа“, рече Фон дер Лајен.

Комесарот на Комисијата за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, рече: „Комисијата прави се што е во нејзина моќ да обезбеди хуманитарна поддршка за цивилите во Појасот Газа. Ова тројно зголемување на хуманитарната помош на ЕУ ќе помогне да се обезбедат основните потреби на цивилите во Газа. Клучно е да се обезбеди безбеден и неограничен пристап до хуманитарна помош“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе