Вести Свет Топ вести

Хамас ги „фати на спиење“ израелските разузнавачи

Оваа очигледно исклучителнодобро организирана и координирана операција на милитантите од Хамас, во исто време претставува колосален неуспех за израелското разузнавање.

Израел со текот на годините ја разви можеби најпроширената и најсофистицираната разузнавачка мрежа на Блискиот Исток. Таа има инфилтрирано свои агенти и информатори речиси во сите милитанти групи, не само во палестинските териотрии под контрола на Израел, туку и во Либан, Сирија, Иран и на многу други места.

Поради тоа израелските безбедносни службии можеа без проблем да извршуваат атентати на милитантските лидери со употреба на високопрецизни воздушни напади, или дури и со експлозив во мобилен телефон.

Но денеска, на крајот од еврејскиот празник Јом Кипур, се чини дека израелското разузнавање беше „фатено на спиење“. Хамас успеал во целосна тајност, најверојатно и во тек на повеќе месеци, да го испланира и изврши овој внимателно координиран напад на израелска територија.

Повеќе од сигурно е дека сега Израел ќе лансира своја сопствена масивна операција за расчистување на палестинските територии, но Израелците ќе се прашуваат како ваков голем напад успеал да им се протне под нос на домашните разузнавачи. Извори од владата за западните медиуми потврдија дека веќе е започната голема истрага за тоа како разузнавачките служби не успеале пред време да идентификуваат ваков голем напад. Претставник на израелската влада за БиБиСи изјавил дека истрагата најверојатно ќе трае со години.

Последен пат израелските рзузнавачки служби потфрлија на ваков начин пред точно 50 години, кога околните арапски држави одненадеж го нападнаа Израел. Претрпувајќи тешки загуби во првиде денови на војната, Израелските одбранбени сили успеаа да се прегрупираат и да ја одбранат својата држава. Комплтеното потфрлање на разузнавачките служби во 1973 година резултираше со оставка на владата на Голда Меир и предвремено пензионирање на херојот од „Шестдневната војна“ во 1967 година, министерот за одбрана Моше Дајан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе