Вести Свет

Зеленски во ОН: На злото не може да му се верува, прашајте го Пригожин

Со стоечки овации од 30 секунди беше отпоздравен говорот на украинскиот претседател Зеленски во Обединетите нации. Зеленски денеска пристигна во Њујорк на 78-то заседание на Генералното собрание во светската организација.

Во говорот ги предупреди светските лидери дека руската инвазија на неговата земја е сериозна закана за целиот свет и дека Русија не треба да има право да поседува нуклеарно оружје.
Тој го обвини претседателот Путин дека вооружува сè, од храна, енергија, до нуклеарна енергија. Тој рече дека окупацијата од Москва на украинската нуклеарна централа Запорожје – најголемата во Европа – ја претворила во „валкана бомба“.
Зеленски рече дека руските сили се виновни за масовно киднапирање на деца од Украина и дека ги учат да ја мразат својата родна земја.
Повика на отвореност во меѓународните дискусии за патот напред и укажа на судбината на лидерот Вагнер и поранешен сојузник на Путин, Евгениј Пригожин, кој почина во јуни, за да ги нагласи опасностите од склучувањето договори со Русија.

НА ЗЛОТО НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА, ПРАШАЈТЕ ГО ПРИГОЖИН, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ.

Ги повика сите земји да ја поддржат Украина во лансирањето на привремен поморски извозен коридор за да се обезбеди достапност на нејзините прехранбени производи на глобалниот пазар, откако Москва ја поткопа црноморската иницијатива за жито.

За Зеленски алармантна е ситуацијата кога некои европски земји играат солидарност во политичкиот театар, алудирајќи на најавите на Полска, Словачка и Унгарија дека ќе воведат свои ограничувања за увоз на украинско жито. Ги повика земјите да се обединат и да не преговараат зад затворени врати. На крај го презентираше својот мировен план, за кој е убеден дека ќе  ја заврши војната во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вратени старите цени за полисите за возилата, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

Историски пораз на СДСМ, не и најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе