Вести Македонија Најважни

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Фатмир Битиќи, Јованка Тренчевска и Перо Костадинов поднесоа оставки на функциите во СДСМ по катастрофалниот пораз на партијата на парламентарните и на претседателските избори.

„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот. Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех“, наведува Битиќи во објавата на Фејсбук.

Костадинов, според партиски извори, ја поднел оставката по синоќешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој најави одговорност од сите во партијата, почнувајќи од него и повика на внатрепартиски избори. Одлуката за повлекување од потпретседателската позицијата во партијата подоцна ја објави и на Фејсбук.

Оставка објави и дополнителната министерка за труд и социјална политика и претседателка на форумот на жени на СДСМ, Јованка Тренчевска.

Понудените оставки треба да бидат верификувани на Конгрес на партијата на чиј дневен ред ќе најде точка за одговорност на раководство за изборните резултати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе