Вести Македонија

Кочанските пензионери протестираа за покачување на пензиите

Кочанските пензионири со протестен марш низ улиците до подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалиско осигурување побараа линерно покачување на пензиите од 3.500 денари, за достоинствен живот. Гласно кажаа дека протестот нема политичка позадина, туку ова е изразување на револт, а на функционерите им порачаа дека пари во буџетот за линеарно покачување има доколку се откажат од дневниците и тендерите.

Се уште не се знае колку проценти ќе изнесува покачувањето на пензиите во септември, се чекаат податоците на Државниот завод за статистика, но пензионерите велат дека ова за нив ќе биде минимално покачување.

Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска најави дека за линераното покачување на пензиите ќе се бара мислење од експертите и од Уставниот суд. Работната група која е формирана треба да даде сет на мерки за подобар пензионерски стандард и помош, а минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж доби право да се жали против екстрадицијата во САД

Дејан Дејан

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Дејан Дејан

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе