Вести Македонија Топ вести

Демири уапсен па ослободен, роднините на жртвите во смилковскиот масакр очајни: Си играат со нас и нашите животи

Си играат со нас и нашите животи, вака кратко во телефонски разговор ни рече таткото на Филип Славковски, еден од 5-те убиени во смилковскиот масакр откако еден од осудените за злосторот, Алил Демири првин беше уапсен во Косово, па ослободен. Тие во тага повеќе од 11 години чекаат правда и сите осудени да бидат најдени за да ги издржат доживотните затворски казни.  Демири иако беше објавено дека вчера е приведен, сега е веќе на слобода, потврди за Телма неговиот адвокат Бесник Бериша кој објави фотографија со осудениот н доживотен затвор за Смилковци. Убеден e дека Демири нема да биде екстрадиран во Македонија и дека полицијата лажела за апсењето на неговиот клиент.

Немаше полициска акција за негово откривање. Објавените информации дека косовската полиција заедно со македонската лоцирала и уапсила бегалец од правда е лага. Тие ја излажаа јавноста. Немаше полициска акција, немаше ниту потрага по Алил Демири. Тој како учесник во сообраќај е сопрен додека се враќал дома. Полицијата вршела рутинска контрола и тој бил во едно од возилата сопрени за проверка. Тој доброволно се претставил дека е Алил Демири , едно од лицата по кои Македонија има распишана потерница. Тој ги покажал документите дека веќе бил ослободен и сега повторно е дома. вели за Телма Бесник Бериша адвокат на Алил Демири

И адвокатот на Демири во Македонија, е согласен со колегата од Косово за екстрадицијата.

Претходно правда извести дека сеуште е важечко барањето за екстрадиција од 2018 но се чека известување од косовските власти за апсењето на Демири. Инаку вчера македонското МВР во сооппштение тврдеше дека Демири е уапсен во соработка со колегите од Косово врз основа на меѓународната потерница.

Смилковскиот масакр се случи на 12-ти април 2012-та. Беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски кои беа на возраст меѓу 18 и 21 година и 45-годишниот Борче Стевковски.

Имаше два судски процеси. Демири и Африм Исмаиловиќ, и двата бегалци на Косово, се осудени и на двете судења на доживотен затвор. Иако на Косово веќе беа апсени и затворани, нивната екстрадиција беше одбиена во Приштина. Неговите адвокати тврдат дека станува збор за политички монтиран  процес, но случајот Монструм веќе еднаш беше укинат од тие причини. На второто судење, СЈО го застапуваше обвинението и истите обвинети повторно беа судени. Судот пресуди дека обвинетите се виновни за дело тероризам. Избеганите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се осудени како директни извршители на убиството.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари возила, ниски плати и недостиг на вработени – Одбележан Денот на пожарникарите

Дејан Дејан

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Нова измама – Граѓаните добиваат лажни пораки дека им следува паричен надомест од Владата во висина од 100 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе