Вести Македонија Топ вести

Две лица ги загубија животите, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Росоман

Кавадаречките пожарникари утрово неколку часа ги извлекуваа повредените и загинатите  од верижната сообраќајна несреќа што се случи  на патот  Прилеп Градско во близина на Росоман.  Две лица на возраст од 55 години ги загубија животите , а тројца се тешко повредени во судирот помеѓу 4 возила.   Оваа тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во 6 часот и 20 минути кај месноста Камен дол,  а кавадаречката итна помош интервенираше со три екипи.

-На лице место на самиот настан констатирана е смрт на двајца патници, а на тројца од повредените им е пристапено од екипите на Итната медицинска помош од Кавадарци, по што се  транспортирани  до Ургентниот центар во  ЈЗУ Општа болница во Кавадарци, а од таму  поради сериозноста на повредити се пренесени во  Клинички  центар во Скопје, изјави за Телма др. Ратко Грков, раководител на Итна помош Кавадарци 

Инаку како што информираат од велешката полиција, до несреќата  дошло кога најпрво се судрија   фијат комбе и автомобил голф, а потоа на исто место, матис удри во  комбе мерцедес, чиј возач се обидувал да го избегне судирот меѓу првите две возила.

-Несреќата се случи помеѓу фијат добло со прилепски регистарски ознаки управувано од К.Ѓ. (55) од Прилеп и патничко возило голф со штипски ознаки управувано од Љ.С (61) од Свети Николе. Малку подоцна на истото место патничко возило даеву матис со штипски регистарски ознаки управувано од С.С. (55) од Свети Николе, удрило во комбе  мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувавно од И.И (52) од Скопје кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возила кои учествувале во несреќата, вели Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Животот го загубија возачот на прилепскиот фијат добло и сопатничката на голфот, додека повредени се возачот на голфот, возачот на автомобилот матис и  неговата сопатничка, кои се на лекување на Скопските клиники и тоа на КАРИЛ, на тораклана и неврохирургија. Сите биле заглавени во возилата и долго траеше нивното извлекување

-На самата несреќа имаше интервенција од Противпожарната служба од Кавадарци затоа што сите патници беа приклештени во возилата и тешко беше да се пристапи до повредените, рече др. Грков.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и екипа од кавадаречката полиција, а сообраќајот на патниот правец Прилеп Градско е во прекин од 6,40 ч утрово.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе