Вести Македонија Топ вести

Ќучук: Никој не поставува нови услови, без уставни измени Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на европскиот пат

Бугарски европратеник и известувач за РСМ во Европскиот парламент Илхан Ќучук во изјава за БГНЕС вели дека без спроведување на потребните реформи, земјава не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои на европскиот пат од Албанија.

Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник.

Изборот е многу јасен – дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук и нагласи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Според него, во македонскиот парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество.

„Никој не поставува дополнителни услови. Условите се тие и двете страни се договорија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското собрание. Оттука овие договори мора да се исполнат“, вели Ќучук.

Пораката доаѓа во пресрет на собраниската седница на 18 август на која треба да се утврди потребата од уставни измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе