Вести Македонија Топ вести

Ниту една влада нема да ги тргне рацете од судството, лекот е во судии со интегритет?!

Ниту една влада нема да ги тргне рацете од правосудството, лекот е во судии со интегритет. Ова е заедничка оценка на граѓанските организации кои го следат овој сектор. Потсетувајќи на неодамнешната анкета во која над 40 отсто од судиите признале дека имале влијание од колеги, а речиси ист процент биле под влијание на функционери или Судскиот совет, забележуваат дека, со текот на годините, системот на влијание се усовршил.

Системот, велат, од старт е поставен на лоша основа и џабе се добри закони ако нема професионални судии кои треба да ги спроведуваат. Судиите се плашат јавно да пријават притисок, а се навредуваат кога се критикувани.

Катастрофата во судството што ја следи државата од осамостојувањето, според познавачите, сега доживува кулминација. Решенија, велат, сепак постојат.

Поразително, според нив, е тоа што сега реагираат само медиумите и граѓанските организации. Одговорот на прашањето, како до независно судство не е лесен, велат, но со добра анализа, планирање и јавни дебати треба да се охрабрат судиите со интегритет да реагираат, а да се најде начин, подложните на влијанија да се изолираат од судството иако за триесетгодишни проблеми треба барем исто толку време за опоравување.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе