Вести Свет

Столтенберг на чело на НАТО уште 12 месеци – членките на Алијансата утре го продолжуваат мандатот на генералниот секретар

Од членките на НАТО утре се очекува договор за продолжување на мандатот на генералниот секретар, Јенс Столтенберг (64) за уште една година, потврдија четворица дипломати за „Ројтерс“.

Столтенберг ја предводеше Алијансата низ неколку кризи по преземањето на должноста во 2014 година. Тој ги обедини членките на Северноатлантскиот сојуз во поддршката за Украина додека, истовремено, се обидува да спречи ескалација на војната во директен судир меѓу НАТО и Русија.

Столтенберг е поранешен премиер на Норвешка. Неговиот мандат на чело на НАТО требаше да заврши на крајот на септември, но сега е веројатно дека ќе остане на функцијата уште 12 месеци.

Тој во февруари изјави оти не бара продолжување на договорот. Меѓутоа членките на Алијансата побараа од него да го прифати тоа, откако не успеаја да обезбедат консензус за наследник.

Меѓу кандидатите се споменуваа британскиот министер за одбрана, Бен Валас, кој јавно кажа дека ја сака работата на Столтенберг и данската премиерка, Мете Фредериксен која, пак, отворено се изјасни дека не е кандидат за таа позиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе