Вести Свет Топ вести

150 уапсени при петтата ноќ протести во Франција, градоначалниците на контрапротест

Протестите во Франција се чини дека се смируваат откако властите одлучија да распоредат 45.000 полицајци во најпогодените градови за да помогнат во смирување на нередите. Синоќа петта ноќ по ред се одржаа протести на кои демонстрантите повторно потпалуваа автомобили и објекти, и прв пат од нивниот почеток едно лице го загуби животот. Станува збор за 24 годишен пожарникар кој учествувал во гасењето на неколку автомобили во подземен паркинг во предградие на Париз.

Во текот на минатата ноќ беа уапсени 150 лица, што сведочи за смалениот интензитет на судирите и нередите, откако во саботата беа уапсени 719 лица а во петокот дури 1.300.

Во меѓувреме, асоцијацијата на градоначалници на Франција соопшти дека ќе организира собири пред општинските згради ширум земјата, протестирајќи против насилството и грабежите од страна на демонстрантите. „Одбиваме да дозволиме нашата држава да потклекне пред хаосот“, порачаа тие.

Оваа реакција доаѓа откако во саботата вечерта демонстрантите се обидоа да подметнат пожар во куќата на градоначалник на предградие на Париз, додека внатре била неговата сопруга со двете малолетни деца. Обвинителството соопшти дека инцидентот го третира како обид за убиство, затоа што демонстрантите пукале со ракети од огномет кон сопругата која се обидвала да избега од куќата со двете деца.

Не постои сомнеж дека сакале да ја запалат куќата. Од моментот кога сфатија дека во куќата има некој, затоа што светлата беа вклучени, и наместо да престанат, напротив, тие испалиле бран на огномет, кое беше комплетно лудо, изјави винсент Жанбурн градоначалник на Л’Хеј лес Розес.

Протестите во Франција започнаа по убиството на 17 годишно момче во предградието на Париз, Нантер, од страна на полицијата при сообраќајна контрола. По пет дена протестирање и жестоки судири мешу полицијата и демонстрантите, властите одлучија да распроедат дури 45.000 полицајци и специјалци, при што беа уапсени речиси 3.000 лица.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе