Вести Македонија

Државата се тужи со 5 фирми на арбитражни судови, ако ги загуби ќе плати отштета од без малку 1,5 милијарди долари

Доколку државата ги загуби споровите кои ги води пред меѓународниот арбитражен суд за меѓународно склучени или ратификувани договори, државниот буџет ќе биде олеснет за 945 милиони евра и 420 милиони долари. Ова е дел од наодот на Државниот завод за ревизија за финансискиот извештаи и усогласеност на Владата за 2021 година, во кој се наведува и дека од 2018 до 2022 година во тек се пет арбитражни постапки против Македонија, за кои исплатени се средства за адвокатски услуги во вкупен износ од 15,6 милиони евра. Ваквите пресметки за штета која може да ја има државата од овие судски процеси, кај ревизорите го вклучиле алармот и на владата и укажуваат за потреба од утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, се со цел фа се утврди одговорност.

Но арбитражните судски спорови не се единствената забалешка која ја имаат ревизорите во финансиското работење и усогласеност на владата, туку списокот е подолг.

Па така ревизорите бараат преиспитување на внатрешната реорганизација на Генералниот секретаријат на владата и Канцеларија на претседателот на владата, бидејќи утврдиле дека тие имаат засебни сектори и одделенија, но дел од нив со идентични надлежности и обврски, иако според регулативата за внатрешна организациија на органите на државната управа, како што наведува ДЗР, не може да има преклопување на надлежностите на одделните сектори и одделенија.

И додека во Генералниот секретаријат и во Канцеларијата на премиерот има луѓе со идентични надлежности, во текот на 2021 година по основ на авторски договори биле ангажирани 77 лица, за што биле исплатени безмалку 400.000 евра или 22.807.000 денари.

31 лице се ангажирани за реализација на прес активности, медиа мониторинг, фотографирање на настани, монтажа на видеозаписи, графички дизајн, изработка и објавување содржини и информативни видеоматеријали на социјални медиуми и како техничко лице за тон и видео за техниката во Владата, се вели во извештајот на дзр.

Истовремено ревизијата утврдила дека институцијата има недостиг на екипираност на секторот за внатрешна ревизија.

Со актите за внатрешна организација и систематизација на Генералниот секретаријат систематизирана е Самостојна единица – Сектор за внатрешна ревизија со три одделенија со предвидени 14 работни места, од кои пополнето е само работното место раководител на сектор со решение за овластување, се вели во извештајот на дзр.

Меѓу другите наоди до кои дошле ревизорите чешлајќи го финансиските извештаи и усогласеност на владата утврдиле и Владата нема склучено договор за користење на услугите на Службата за општи и заеднички работи при владата за 2021 година, при што услугите ги користела за како воспоставена пракса, дека за системот на внатрешните контроли, во дел од организационите структури, отсуствуваат пишани процедури за примопредавањето на документацијата по програми и проекти, додека во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514.000 денари, од кои за дел не е доставена документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции.

Ревизорите утврдиле и дека Генералниот секретаријат во 2021 година има склучено два договори за користење на правни услуги во вкупен износ од 850.000 евра без спроведна постапка за јавна набавка.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски пораз на СДСМ, не и најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Како СДСМ за првпат станува трета политичка сила во македонскиот парламент, распоред на силите во новиот парламентарен состав

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе