Вести Македонија Топ вести

Предупредување од регионалниот ЦУК Кочани – опасност од прелевање на браната „Калиманци“, ќе се зголеми испустот на вода преку ХЕЦ

Преку Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дојде до зголемување на дотокот во брана „Калиманци“.

„Дотокот е 25 м3/с со тенденција да расте. Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места“, информираат од ЦУК.

Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“, во близина на оранжериите „Зелена Куќа“, водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот.

Известени се во полицијата – СВР Штип за да би реагирале навремено и за да се обезбеди мостот. Кога во ЦУК ќе добиеме дополнителни нови информации ќе известиме повторно а ситуацијата во Кочанско.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе