Вести Македонија Топ вести

Паралелки со едвај 10-тина ученици во Гостивар – наставниот кадар под ризик за технолошки вишок

Постојаното намалување на бројот на ученици поради иселувањето, како и падот на наталитетот во Гостивар носат ризик за работните места на професорите и наставниците, односно нивно прогласување за технолошки вишок.

Од Локалниот економски совет и Синдикатот велат дека веќе има вакви случаи, особено во подрачните училишта во селата, но и во средното економско училиште и во гимназијата, каде има паралелки и со едвај 10-тина ученици, а состојбата е добра само во техничкото и медицинското училиште. Посочуваат дека не треба да има нови вработувања на местата на пензионираниот наставен кадар.

„По тоа што гледаме секако дека има појавувања на технолошки вишок, нарочито во неколку од тие предмети кои што се општи, имаме проблеми со англиски и албански јазик, зборувам за гимназија тука е и математиката, па мора со општината да најдеме решение за да ги преместиме во основните односно средните училишта кадешто има место. Да се најде решение луѓето што излегуваат во пензија да се надополнат со тие што се технолошки висок, а не со нови вработувања“, изјави Тафа Амети, претседател на ЛЕС Гостивар и потпретседател на СОНК.

Заедничко решение преку согледување на состојбите и анализа на бројот на ученици се бараше на панел дискусија на која учестуваа сите засегнати страни. Од Секторот за образование очекуваат интересот за двете средни училишта кои се соочуваат со намален број ученици да се зголеми со воведувањето нови смерови, а за да нема технолошки вишок ќе има прераспределба на кадарот.

„Имаме раст во техничкото училиште, во медицинското училиште, но од лани со МОН- кога се запишуваат не може бројката да биде над 25, па така другите ќе се запишат во Гимназија и Економско. Имаме во Економско нови смерови, оваа година имаме надеж дека ќе има повеќе запишани и добри услови во Гимназијата“, вели Аслиjан Снопче, раководителката на Секторот за образование.

Од друга страна, дополнителен проблем во образовниот процес е немањето наставен кадар за природните науки, особено физика и математика, но и професори по стручните предмети во средното техничко училиште во Гостивар.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреваручавката програма

Дејан Дејан

Евровизија во Малме оваа година мета на скандали

Дејан Дејан

Зоран Анчевски: Кој не плати чланарина нема право да гласа на редовното Изборно собрание на ДПМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе