Вести Македонија Топ вести

Родителите бараат вработување на негувателка чиј договор за работа не е обновен, градоначалникот Јакимовски бара решение во Финансии

Откако родители на деца кои се згрижени во градинката „Мајски Цвет“ на ул. Женевска во скопската населба Карпош, го објавија во јавност писмото кое му било доставена во општината, со реакција се јави и градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Нарекувајќи ја ситуацијата алармантна, родителите велат дека наместо да се реши проблемот топката се префрла од Министерство за труд и социјална политика о Општина Карпош, а во меѓувреме децата ќе останат незгрижени.

Станува збор за една воспитувачка, а во иста позиција биле повеќе од 20 лица, се вели во писмото од родителите испратено до медиумите.

  • „Како родители на дечиња од градинката Мајски Цвет, Тафталиџе 2, групата Бонбочиња (јасли), во врска со одлуката да не и се продолжи договорот за работа на негувателката Бојана Веловска, која беше финансирана од Општина Карпош преку агенцијата за привремени вработувања. Едната негувателка Јадранка Џајковска, пред еден месец замина во пензија и целиот овој период негувателката Бојана сама ги извршува обврските во групата со нашите дечиња. Истата се согласи да оди на работа уште еден месец, без паричен надоместок само заради нашите дечиња. Бојана се покажа како прекрасен работник и педагог, кој работи со нашите дечиња и го поттикнува нивниот развој. Дечињата поминуваат 8-9 часа во градинка и се навистина поврзани со неа. Нашите дечиња се на возраст од 18 до 24 месеци и таа има многу значајна улога во нивниот живот. Сметаме дека не е во ред, договорот да не и биде продолжен и дечињата да останат без двете негувателки“, пишуваат родителите во писмото кое е доставено и до градоначалникот Јакимовски.

Тие потсетуваат дека согласно чл.3 од Конвенцијата за правата на детето, Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела.

Во писмо до нив Јакимовски искажува свесност дека негувателките извршуваат многу тешка работа, а во исто време и многу одговорна, а за решавање на проблемот тој побарал средба со министерот Бесими и премиерот Ковачевски.

  • „Токму од овие причини веќе два пати побарав средба со министерот за финансии и со премиерот со цел да ги замолам да ни дадат одобренија за вработување на сите воспитувачки, негувателки, технички персонал кои се заминати во пензија, напуштиле работа или починале. За жал, министрите за труд и социјална политика и за финансии драстично ги намалија своите согласности за пополнување на веќе испразнетите места. Наместо да имаме групи по 15 деца и да бидат ангажирани по една воспитувачка и две негувателки, ние имаме по 26 деца со по една негувателка и една воспитувачка“, објаснува градоначалникот на Карпош.

Понатаму во дописот до медиумите објаснува врз основа на кои пресметки побарал и зголемување на цената која родителите за плаќаат за згрижување на нивните деца

  • „Дојдовме до заклучок дек цената што ја плаќаат родителите на децата згрижени во градинките од 1499 денари не е зголемена од 2003 година кога просечната плата била 12.300 денари, а сега е 33.000 денари. Со сето ова два пати го запознав Советот на општина Карпош. На седниците присуствуваа и директорките на градинките. Побарав зголемување на цената од 600 денари за да се подобри исхраната на децата и во исто време да можат овие установи да го плаќаат персоналот кој е дополнително ангажиран. Мнозинството советници  гласаа против“, вели Јакимовски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе