Вести Македонија Топ вести

(Фото/Видео) Крива Река пред излевање, го наполни коритото во Крива Паланка и „зароби“ четири автомобили

Центарот за управување со кризи испрати предупредувања за можни излевања на реките Крива Река и Пчиња во североисточниот дел на Македонија откако тој регион беше погоден со поројни дождови.

„Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој. Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња“, соопштија од ЦУК.

На објавените видеа од граѓани на Крива Паланка се гледа дека водата е прелеана од природното речно коритото и околниот дел е поплавен со вода во височина од неколку десетици сантиметри. Широкото корито е дополнително заштитено со насип врз кој се наоѓаат локални патишта, а во внатрешноста на видеата се гледаат неколку автомобили кои се затекнати таму.

Крива Река се влева во Пчиња, а и за неа постои опасност од излевање.

„УХМР извести дека е забележан зголемен водостој и на реката Пчиња во Пелинце. Предупредуваме за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња, а истовремено заради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции“, соопштија од ЦУК.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе