Вести Македонија Топ вести

Холандската амбасада не попушта во критиките за работата на Судски совет

Холандската амбасада не попушта. Судскиот совет и понатаму е „нелегитимно тело“, а впечатоците на амбасадорот во неделното интервју за Радио Слободна Европа се јасна порака до правосудните органи. Хоалндските власти во земјава, во одговор за Телма ги потврдуваат зборовите на амбасадорот, со поправка дека, не го запреле проектот во судски, туку го ставаат во мирување.

Во интервјуто амбасадорот изјави дека Судскиот совет го загубил својот легитимитет. Впечатокот беше потврден и од претседателот Пендаровски ден потоа. Како резултат, не го запираме проектот, туку го ставаме во мирување, се вели во одговорот на холандската амбасада.

Три новинарски прашања, и 14 минути одговори не му беа доволни на новоизбраниот претседател Сашко Герогиев да ја разубеди холандската амбасада дека највисокото правосудно тело не е корумпирано под политичко влијание. Разрешувањето на претходничката Дамева и неговиот избор, Георгиев ги брани со мнозинството гласови на членовите на советот, а од друга страна признава дека се согласува со критиките за застарувањето на високопрофилирани случаи против политичари водени од екс СЈО.

Во другата зграда, панданот на Судски совет празнуваше. Советот на јавни обвинители кончено доби нови 18 обвинители од акдемијата. Се засилуваат, Прилеп, Кичево, Гостивар, Велес, а првенците денеска за прв пат облекоа тоги, се заколна на чесност и професионализам со видлива желба ревносно да се борат против четирите отсто доверба на граѓаните за нив и судиите.

Но, зад превезот на свеченоста останува дамката на изборот на кандидатите за обвинители и идни судии од последната генерација на академијата. Свечната изјава денеска ја поптишаа и обвинителите Бартлет Џафери, син на осбранискиот спикер и сопругата на Ислам Абази, новиот шеф на обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе