Вести Свет Топ вести

Протести на опозицијата низ Србија поради двете масовни убиства

Протестот на српската опозиција наречен „Србија против насилството“ поради двете масовни убиства во земјата во кои загинаа 17 лица, од кои 8 беа деца, започна во Белград. Протестот почна пред Народното собрание, каде беа прочитани барањата на опозицијата, а потоа продолжи со протестен марш до владата.

Уште пред протестот организаторите најавија дека нема да се одржуваат говори, туку само ќе бидат прочитани барањата на опозицијата, која за нивното исполнување и даде рок на владата до 12 мај.

Организатори на протестот се Народната партија, Зелено левиот фронт, Да не го давиме Белград, партијата Заедно, Партијата за слобода и правда, Движењето на слободни граѓани, Синдикатот Слога и Движењето за промени.

Покрај во Белград, протести се одржуваат и во други градови ширум Србија.

По двете трагедии, Србите сакаат да ги изгасат Пинк и Хепи, ТВ канали кои промовираат и криминалци, АВМУ вели не е надлежна затоа што кабловски оператори во Македонија ги емитуваат кај нас

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Генералштаб на Украина: Го уништивме ракетниот брод „Циклон“ на Крим

Дејан Дејан

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе