Uncategorized Вести Македонија

По двете трагедии, Србите сакаат да ги изгасат Пинк и Хепи, ТВ канали кои промовираат и криминалци, АВМУ вели не е надлежна затоа што кабловски оператори во Македонија ги емитуваат кај нас

Со илјадници потписи, граѓани во Србија бараат одземање на лиценци на две српски телевизии  поради содржината која ја продуцираат и емитуваат и во која се канат дури и криминалци со дебели досиеја да гостуваат или учествуваат во реални шоуа. Во Македонија, АВМУ вели дека не е надлежна за тој дел од медиумскиот спектар.

Нова онлајн петиција за гасење на две телевизии – Пинк и Хепи се појави во Србија по стравичните настани во Белград во средата и во Младеновац вчеравечер во кои загинаа вкупно 17 лица, а повеќе од 20 беа повредени.

„Бараме да не биде доделена национална фреквенција за телевизиите Пинк и Хепи. Тие две телевизии во голема мера ги користеа доделените национални фреквенции за кршење на Законот за електронски медиуми“, се вели во описот на петицијата која собра 300.000 потписи за краток временски период.

Со растот на потписи на петицијата, расте и бројот на коментари на разочарани граѓани.

„Долго трпиме содржина која е непримерна за нашите деца“, гласи еден од нив.

„Доста беше“, пишува друг граѓанин.

„Сакам моите деца да растат со квалитетна образовна програма, наместо со вулгарности и насилство што секојдневни ни го сервираат“, е ставот на загрижена мајка.

„Долгогодишно труење на децата и на нацијата. Се дава публицитет и збор на луѓе кои никогаш не треба да се појават на телевизија. Ако не сакаме до крај да ја уништиме оваа земја, тогаш ова е од многу големо значење“, коментира жител на Србија под петицијата.

Телма ТВ се обрати до Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со прашање дали се размислува за реакција откако во Србија, спомнатите ТВ канали се посочени како цел на петиција за тргање од медиумскиот простор.

Од таму ни одговорија дека АВМУ има ингеренции за реакција само за домашните ТВ станици (национални и локални), додека за програмите кои се регионални или светски, надлежен е кабловскиот оператор кој со нив потпишува договори за реемитување на територија на Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе