Вести Свет Топ вести

Повеќе од 300 загинати во Судан, тела лежат на улиците, нема храна и лекови

И во текот на изминатата ноќ борбите во главниот град на Судан, Картум се одвиваа со несмалено темпо и покрај тоа што двете страни најавија дека ќе се придржуваат до новиот 24-часовен прекин на огнот.

Претходниот обид за примирје еден ден претходно не успеа. Новиот обид за прекин на огнот дојде по тревогата дека милиони Суданци се на работ на катастрофа од изминатите пет дена војна меѓу двајцата најмоќни генерали во земјата.

Најжестоки судири има во центарот на градот. На очајните жители на главниот град им снемува храна и други резерви додека се засолнуваа во своите домови од вооружените борби, бомбардирањето и воздушните напади на улиците.

Болниците се оштетени или преплавени со ранети, персоналот е исцрпен а веќе снемува и медицински материјали.

Сè повеќе, вооружените борци се свртуваат кон ограбување продавници и ограбување на секој што ќе се осмели да излезе надвор.

Во неколкудневниот конфликт убиени се речиси 300 луѓе, соопшти здравствената агенција на ОН, но билансот е веројатно поголем бидејќи многу тела лежат несобрани на улиците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО: Палевски Палчо однесен во суд

Дејан Дејан

6 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан- Македонија би можела да добие 900 милиони или милијарда

Дејан Дејан

Боро Марлборо веќе осуден, а им скрои капа на врховен судија и член на Советот на јавни обвинители

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе