Вести Македонија Топ вести

Само еден дипломат и една секретарка во Словенија, а полн куфер со проекти на новиот амбасадор Милески

Само еден дипломат и една секретарка ќе го дочекаат новиот амбасадор на Македонија во Словенија, кој носи куфер со амбициозни проекти: подобрена трговска размена, инвестиции во спа туризмот, нова авиолинија, саеми за промоција на земјоделски производи. Словенија е петти најголем инвеститор во Македонија, додека ние стагнираме во секој поглед.

Претседателот на комисијата за надворешна политика укажа дека, за сето ова да го оствари, на Милески ќе му требаат барем еден економски промотор и најмалки тројца дипломати. Никој, рече, не може сериозно да се надева на каков било успех во работата со само двајца вработени.

Во Шпанија, која е следен претседавач со ЕУ, заминува Едмонд Адеми. Затоа и во неговата програма преовладуваат билатералните односи и задржувањето на континуитетот на евроинтеграциите.

Што се однесува до амбасадорското место во Франција, на кое требаше да стапи поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, Милошоски рече дека чекале сигнал од владата, дали ќе биде назначен по скандалот со Онишченко. Според негови неофицијални информации, Пендаровски и Османи се усогласиле, за ова амабасадорско место да биде назначен некој друг.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе