Вести Македонија Топ вести

Молк од МПЦ за црковната телевизија, владиката Петар не комуницирал со јавност во период на пости

Молк од членови на Синодот и свештенството на МПЦ од кои Телма се обиде да добие официјални информации за телевизијата на владиката Петар. Дали за овој проект има одлука на Синодот и дали е со благослов на архиепископот Стефан, засега нема одговор. Иако Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, овозможува тие да формираат сопствени средства за јавно информирање, сепак барање за отворање телевизија поднел Владиката Петар преку компанијата „Преобразба“, каде тој е сопственик и управител, што го наметнува прашањето дали ова е негов приватен проект. Но, за тоа немаат информација ниту во Комисијата за односи со верските заедници.

За каков медиум станува збор, како и за тоа дали се работи за приватен или црковен проект, но и за други детали во однос на истото, релевантни информации треба да се побараат од Митрополитот, односно од САС на МПЦ-ОА. Бидејќи се работи за гарантирано право на формирање средства за јавно информирање, за неговото ползување не се произнесуваме, а очекуваме јавноста соодветно да биде запознаена од субјектот, вели Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи. 

Но, Владиката Петар, на поканата на ТВ Телма за интервју, одговори дека во време на пости не комуницира со јавноста, вели дека е постојано на богослужби. Неговата компанија „Преобразба“ на 7 ноември лани поднесе барање до АВМУ за отворање на телевизија од забавен општ формат која ќе зрачи локално во Скопје и неколку скопски општини.

Агенцијата двапати го враќаше барањето на корекција до подносителот, по што дозволата ја додели на 27 февруари. Концесијата има важност од 9 години, а телевизијата има обврска да започне со работа од 1 мај, во спротивно ќе ѝ биде одземена дозволата. Фирмата „Преобразба“ на владиката Петар, во рок од 30 дена има обврска да уплати годишен надомест за концесија, а во Централен Регистар да регистрира Трговско радиодифузно друштво.

Телевизија која ја афирмира христијанската вера има во соседна Србија. ТВ Храм е основана од Српската православна црква пред 8 години со благослов на тогашниот патријарх Иринеј. Од таму за ТВ Телма велат дека не се запознати со овој проект на Владиката Петар и досега немааат контакти за било каква соработка.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе