Вести Македонија Топ вести

Апликацијата Тимс не функционирала само во оние училишта кои за првпат добиле дојава за бомба, се подготвува стратегија за државната матура

И денешните проверки покажаа дека дојавите за бомби се лажни. Вака денеска изгледаа голем број училишни дворови затоа што дојавите за бомби ги испразнија училиштата.

И денеска повторно нови дојави за бомби во 18 училишта. Учениците и претходните денови имаа лажни дојави и мораа да следат онлајн настава, а апликацијата не функционираше.

Од Министерството за образование и наука велат дека тие многу внимаваат на безбедносниот аспект, но сепак не сакаат да изостане образовниот процес и затоа онлајн наставата сметаат дека е најдобра опција кога има дојави за бомби. За вчерашниот неуспех за користење на апликацијата тимс министерот Шаќири објасни дека таа не функционирала само кај оние училишта каде првпат имаше закана за поставена бомба. Уште од сега се подготвува посебна стратегија за државна матура, а секојдневно со Комитетот за безбедност се разгледуваат опции за надминување на проблемот со лажни дојави за бомби.

Одлуката за целосна онлајн настава во моментов не е лесно да се донесе затоа што не се знаат последиците кои ќе бидат, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Од опозицијата обвинија дека четири години образованието е во колапс.

Штетата е трајна и  недонаместливаДецата ја плаќаат цената на неспособноста на владата, вели Весна Јаневска од ВМРО.

Освен во Македонија дојави за бомби имаше и во зградата во која се сместени Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд во Подгорица. Дојавите за бомби во Македонија пристигаат постојано од почетокот на оваа учебна година. Првично беа само средните, а потоа и основните училишта. Досега сите дојави беа лажни, а на мета беа само државните училишта.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе