Вести Македонија Топ вести

Радев: Ќе активираме европски механизми против антибугарската хистерија во С.Македонија

Бидете сигурни дека ќе бидат активирани сите европски механизми, така што ќе може да се заврши оваа анти-бугарска омраза и хистерија, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев во коментар за одлуката на неговиот колега од Македонија, претседателот Стево Пендаровски да им се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други бугарски државјани поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

Радев очекувал институциите во земјава да докажат, не само дека не се дел од анти -бугарската кампања, туку и дека активно се борат против неа.

Претседателот Пендаровски во понеделникот по Состанокот на Советот за безбедност соопшти дека препораката за забрана за влез на одредени лица во земјава особено на денот на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев, ја донел откако сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, покажале дека 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик затоа што организирани структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање во Скопје на повеќе лица, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредени десет лица од удар на гром во Германија две лица реанимирани

Дејан Дејан

Георгиев и Мемети – кои се „белите јаки“ во врвот на правосудството, кои се осомничени за митото од 10 илјади евра

Desk

Силен земјотрес во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе