Вести Македонија Топ вести

Талат нема да свика седница за Бугарија, на Ахмети ќе му се обраќа со „команданте“ и да сме 2101 година

Претседателот на Собранието нема да го следи примерот на Бугарија и нема намера да свика седница во врска со инцидентите кои ги нарушија дипломатските односи на двете земји. На прашањето од новинарите, зошто не го повика Бујар Османи на брифинг за целата ситуација, Џафери со одговор дека нема потреба од тоа, бидејќи министерот секогаш доаѓал на комисии и сите одговори во врска со темата може да ги даде таму.

Не сакаше да зборува за најавите за зголемување на владејачкото мнозинство, но рече дека ново парламентарно мнозинство би било добредојдено, иако не со помош на избори.

Иако претходно најавуваше дека седницата за уставните измени треба да се случи на почетокот од годинава, сега тоа го пролонгира за јуни или јули.

Од пратениците кои ја поддржуваат т.н. огнена група на ДУИ, Џафери вели дека на седници не доаѓа само Изет Меџити и оти доколку има некоја промена, тој ќе треба да го извести за неговиот статус. Останатите пратеници од ДУИ што се од оваа група, доаѓаат во Собранието. Не сакаше да ја коментира можноста, овие пратеници да се спојат со пратениците од Алтернатива, доколку Алијанса влезе во владата.

На критиките на новинарите зошто му се обраќа на Ахмети со „команданте“, иако е претседател на Собрание и повеќе не сме во 2001 –та година, Џафери одговори дека, и да е 2101-та година, пак ќе му се обраќа како што сака.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе