Вести Македонија Топ вести

Секој во државата ќе добие електронски идентитет

Владата на денешната 121 седница ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи (МВР) за потребата од изработување на план за воспоставување на национален електронски идентитет за секој граѓанин. Планот беше разгледан и прифатен, заедно со тој за реализација.

Целта, како што се посочува во соопштението на владината прес-служба, е доделување на електронски идентитет на граѓаните на Република Северна Македонија, што, според посочувањето од Министерството за внатрешни работи, треба да е носечки столб за дигиталната трансформација на општеството. Со тоа, се додава во дописот, ќе се овозможи унифициран пристап за користење на електронските услуги и размената на податоци, како во државата, така и надвор од неа – земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис за одлуката на Сиљановска Давкова да не го користи уставното име: нелегална, недозволива и провокативна

Дејан Дејан

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе