Вести Економија Македонија

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Европската комисија обезбеди позајмици за  Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за Македонија.

Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за  Македонија, чија економија е сериозно погодена од енергетската криза предизвикана од руската инвазија врз Украина.

– Помошта ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за  Македонија. Тоа ќе и помогне на  Македонија и да напредува на нејзиниот европски пат, се додава во соопштението.

Обезбедувањето на оваа поддршка следува откако Еврокомисијата утврдила дека земјата ги исполни релевантните политички обврски договорени со ЕУ за ослободување на првата транша.

–  Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање на независен фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги подобри јавните приходи,  Македонија усвои мерки за даночна политика кои ја прошируваат даночната основа. Владата, исто така, постигна дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На крајот, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството, потенцира Европската комисија.

Инаку целокупната тековна операција за макрофинансиска помош за земјава е во вкупна вредност до 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува на располагање втора транша во истиот износ, чие ослободување ќе зависи од напредокот во имплементацијата на договорените услови.

Макрофинансиска помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со земјите од соседството наменет како исклучителен инструмент на Унијата за одговор на кризи, кој им е достапен на државите опфатени со процесот на проширување, како и на земјите од поширокото европско соседството што имаат сериозни проблеми со платниот биланс.

Предлогот на ЕК за оваа операција на макрофинансиска помош за  Македонија беше одобрен од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 12 јули минатата година. Севкупно, од 2020 година, па со се последните 50 милиони евра, ЕУ на Македонија  досега и исплати околу 210 милиони евра поддршка во рамки на макрофинансиската помош

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе