Вести Македонија Топ вести

Милков до Брисел: Не е исклучено ново вето за Македонија, се надевам нема да го искористиме

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков синоќа на средба во Брисел ги информирал колегите за претепаниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и побарал од нив солидарност и однос по ова прашање.

„Имаме ескалација на тензијата и ескалација на притисокот поврзан со правата на бугарската заедница таму. Тие започнаа со усвојување на законодавна акција против бугарската заедница и нејзиното право на здружување, што покажа консензус меѓу владетелите и опозицијата на антибугарска основа. Потоа следуваше палењето на бугарскиот клуб, за што беше изречена условна казна. Потоа следеа три напади на други клубови и пукање во еден од нив. Виновниците никогаш не беа пронајдени“, изјавил вршителот на должноста министер, цитиран од БНР.

На прашањето дали Бугарија повторно ќе го искористи правото на вето за преговорите на Македонија со ЕУ, Милков одговорил:

„Се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, на прво место оваа работа никогаш не е на исклучена, иако правото на вето е како атомско оружје – неговата моќ не треба да се користи, туку да стои како некаква можност да ги натера другите да отстапат, да преговараат, да се дојде до некаков општ консензус. Се надевам дека нема да го искористиме“, порачал шефот на бугарската дипломатија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе