Вести Македонија Топ вести

Сѐ повеќе млади страдаат од мозочни удари 

Нездравиот начин на живот и негрижата за здравјето нѐ доведе до алармантна здравствена состојба, а пандемијата со Ковид само ја влоши сликата. Ова го заклучија докторите кои од прва рака информираат за лоши статистики, поврзани со мозочните удари. Сѐ повеќе пациенти страдаат од тоа и особено загрижувачки е податокот дека се спушта старосната граница. Причините во последните години се бараат во повеќе фактори.

За жал бележиме пораст односно зголемена инциденца на појава на мозочни удари. Короната некако како да остави последици – дали заради нередовните контроли, дали пост-вакцинално или пост-Ковид, а и во тек на пандемијата гледавме многу компликации манифестирани со мозочни удари. Имаме и поместување на времената граница односно ако мозочен удар порано беше болест на постарата популација, сега е сѐ почесто болест на помлада популација. За жал, имаме сѐ повеќе и повеќе помлади пациенти коишто имаат сериозни невролошки манифестации односно невролошки дефицит, ненавреме препознаени, изјави д-р Драгана Петровска – Цветковска, специјалист невролог.

Итната медицинска помош е првото место каде што треба да се пријави кога некој ќе ги забележи симптомите кај друг. Најчесто, физички се препознаваат најголемиот дел од нив, а брзата реакција е исклучително важна апелираат докторите, затоа што терапија во првите четири часа значи и спас од состојби како траен инвалидитет.

Симптомите коишто се случуваат се спуштен агол, одземеност на дел од екстремитетот (лев или десен), може и ногата да им е одземена и говорот да е отежнат. Тогаш треба веднаш да се повика 112 или 194 по старо. Да се запази тоа време од четири часа за да стигнат навремено на Неврологија и навремено да биде аплицирана терапијата којашто е потребна, за да сепак не настане едно трајно оштетување на мозочното ткиво што ќе доведе до траен инвалидитет. Во таа состојба, тешко може да се поврати назад, изјави раководителката на Службата за итна медицинска помош, д-р Милица бубало.

Мозочниот удар е последица на нешто друго што не функционира како што треба во организмот објаснуваат докторите и порачуваат – помалку стрес, повеќе грижа за здравјето и регулирање на покачениот крвен притисок, кој е дел од ризик-факторите за мозочен удар.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе