Вести Македонија Топ вести

Родители реагираат за буриња со опасна содржина во ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката смирува

Загрижени родители на ученици во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Општина Аеродром реагираат за буриња со опасна содржина за кои, како што велат, повеќе од две недели се наоѓаат во училишниот двор, директорката Анета Велкоска смирува дека нема ништо опасно во нив по здравјето ја децата.

„Станува збор за градежен материјал кој не е опасен по здравјето на децата. Во спротивно не би бил таму, каде што е. За краток период ќе биде искористен за реконструкција на игралиштето“, уверува Велкоска.

Група на родители, пак, се обратија до нашата редакција со загриженост, при што испратија и четири фотографии од буриња со хемикалија. Велат дека две недели се наоѓаат во училиштниот двор и, според нив, се непосредна опасност за децата.

Според нив, содржината може да биде опасна по нивното здравје бидејќи, како што нагласуваат, децата секојдневно си играат и минуваат крај нив.

На фотографиите кои се испратени до Телма, се гледа и декларацијата на која се наведени ознаките за ризик од определени тешки болести според регистарот на хемиски материи.

Училиштето „Браќа Миладиновци“ неодамна почна со постапка за целосна обнова, како и нова фасада на објектот. Проектот опфаќа и нов атриум во задниот дел на училиштето, што во иднина ќе се користи и како летна училница или прва од отворен тип во Општина Аеродром.

Од училиштето објаснуваат дека материјалот кој е складиран во училишниот двор служи за правење мека подлога на детски игралишта какви што се веќе има во Скопје.

Дислоцирани бурињата со опасна содржина од дворот на ОУ „Браќа Миладиновци“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе