Македонија Топ вести

Маж загина во превртен и запален „мини купер“ во Волково

Дваесет и осумгодишен скопјанец починал, додека 26-годишен маж од Волково со тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по тешката сообраќајна несреќа што се случила ноќеска по полноќ во скопско Волково, кога патничко возило од марката „мини купер“ се превртело и запалило, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 28.10.2022 во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. 60 и ул. 58 во с. Волково, Скопско, патничко моторно возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С. (26) од с. Волково и А.Г. (28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, додаваат од МВР.

Извори од МВР за Телма додаваат дека А.Г. починал на самото место, откако возилото со кое се превезувале, со голема брзина удрило во камен по што се превртело и запалило.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе