Вести Македонија Топ вести

Османи на Конференција на ОБСЕ задно со медитеранските партнери во Јордан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач на групата медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, денеска во Јордан, заедно со министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафади, ќе ја отворат овогодинешната Медитеранска конференција на ОБСЕ.

Овогодинешната конференција е во организација на Северна Македонија и во ко-организација со земјата домаќин, Јордан. Како што соопштија од МНР, ова е прв пат, после седум години, одржувањето на медитеранската конференција да се врати кај партнерите од регионот, што се смета за голем чекор во зајакнувањето на врските меѓу организацијата и партнерите од Медитеранот.

Во Јордан пристигнати се преку 200 учесници, кои на дводневната конференција ќе дискутираат на неколку различни приоритетни теми поврзани со зајакнувањето на младите и жените, справувањето со ризиците од климатските промени и трговијата со луѓе, и сл.

Покрај домаќините, министрите Османи и Сафади, воведни обраќања се очекува да имаат и министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, како актуелен претседавач со Организацијата и Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

По завршувањето на воведниот панел, министерот Османи, придружуван од останатите високи претставници – воведничари, најавија од МНР, ќе остварат средба со Кралот на Јордан, Абдула бин ел-Хусеин II.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Дејан Дејан

200 по 200 денари до 2,4 милиони евра, колку пари се собираат од давачката пристап до мрежа во сметките за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе