Вести Македонија Топ вести

(Фото) Ковачевски на Фејсбук: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на Фејсбук соопшти дека е обезбеден гас од Србија за училиштата и болниците, без да наведе за колкави количини станува збор.

Како што пишува Ковачевски, по интензивна комуникација со српската премиерка Ана Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Македонија од забраната за извоз на природен гас.

 

„Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на „Отворен Балкан“, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде најмногу треба – компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Минатата недела, Србија забрани извоз на гас. Привремената мерка беше воведена со важност до крајот на месецот за да се обезбеди сигурно снабдување на српскиот пазар и да се спречи можна штета по економијата и граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе